Search

Серија концерти на Музичката академија

Споделете

Музичката академија при УГД најавува серијал на концерти на Универзитетскиот ансамбл насловен како „Македонија“ под слоганот „Поблиску до народот“. Концертите ќе се одржат во градовите Велес, Скопје, Крива Паланка, Кичево и Кратово.

Преку серијалот на концерти, публиката ќе има можност да се запознае со Музичката академија, со Универзитетот и со можностите што ги нуди.

Публиката ќе има можност да ужива во традиционалните вредности преку музиката, играта, носијата…

Ве очекуваме!